„Никој не треба да умре за модата!“

Експлоатираните работници во Бангладеш се соочуваат со насилни апсења и напади, бидејќи бараат поголема плата.

„Затоа сега е создадена кампања која ги обединува работниците и потрошувачите, која на сите нас ни дава моќ да помогнеме.“- вели Тамсин Бланшар

Зошто ни е потребна модна револуција?

Пред шест години се урна фабриката Рана Плаза во Бангладеш, при која загинаа 1138 работници, поради лошата конструкција, а сепак и понатаму се продолжува истата традиција, облеката сè уште ја изработуваат најпотценетите, најсиромашните и најмалтретраните луѓе во светот.

Минатата недела беше објавен извештај од Конзорциумот за права на работниците, кој претстави шокантна слика за репресија, насилни напади и заплашување на сиромашните работници за облека во Бангладеш, кои едноставно се борат да добијат минимална плата за живот.

Очајните работниците, кои се основата на индустријата вредна повеќе од 30 милијарди долари, побараа поголема плата, откако последното „покачување“ беше направено во Ноември, 2018-та година, односно сега истите заработуваат 19 eвра или 1200 денари неделно.

Од минатиот Декември, најмалку 65 лица се уапсени под лажни обвиненија, во фабриките кадешто се изработува облеката за омилените брендови во цел свет, а воедно отпуштени се 11.600 работници, без никакви правни причини.

Ситуацијата ескалирала до екстремна точка, па така некои работници својата борба да си ги остварат работничките права, ја платиле со живот.

Од организацијата за работничките и човекови права велат дека модната индустрија и Владата во Бангладеш се водени од желбата да се одржи нивниот економски развој и воопшто не им е грижа за работниците и нивната експлоатација. Тие само ги сакаат крајните резултати: Изработена облека и задоволни потрошувачи.

Веднаш по распадот на фабриката Рана Плаза, беше основана модно-револуционерната кампања.

„Ние ја водиме кампањата при која човековите права и животната средина се стандард, а не исклучок!“- вели Кери Сомерс, која ја основа кампањата.

Таа додава дека вистината треба да и се каже на јавноста.

Само минатата година 3.25 милиони луѓе се приклучија кон ова движење за гласно прашаат: “Кој ја изработува нашата облека?“

Движењето беше документирано и на социјалните мрежи, а истотo беше означено под хаштагот со истото прашање (анг. “#WhoMadeMyClothes?“).

Кампањата веќе резултираше со големи промени во индустријата.

Еве само мал дел од листата кои наши омилени брендови се изработувани во фабриките за облека во Бангладеш:

  • Зара
  • H&M
  • Келвин Клајн
  • Томи Хилфигер