Обувките кои беа хит во 90-те години, исто како и шнолите, повторно се вратија во мода и се омилени во модниот свет, но лекарите не ги препорачуваат, а еве и зошто!

Тие се на врвот на трендовската листа за ова лето и сите ги обожаваат. Станува збор за влечките со огромна рамна платформа.

Но, лекарите препорачуваат нивното носење да се избегнува, односно да се избегнува нивниот опасен дизајн.

„Не само што дизајнот на обувките не овозможува соодветна потпора на стапалата, туку и поради нивниот многу лесен начин на облекување, при носењето, личноста нема никаква рамнотежа. А немањето правилна рамнотежа и стабилност, лесно може да доведе до паѓање или свиткување на зглобовите.“- вели Д-р. Хилари Бренер

Д-р. Бренер додава дека 9 од 10 случаеви на пациентки со свиткан зглоб, кои доаѓаат кај неа, се токму како резултат на тоа што не одолеале да го носат најмодерниот тренд за оваа година.

Но, сепак некои работи, како и овие обувки од 90-те, најдобро е да се остават во минатото.

Воедно, прочитајте зошто лекарите не го препорачуваат ниту носењето на најпопуларните летни обувки- апостолките.

А доколку сепак сакате да носите тренд од 90-те, наместо чевлите со висока платофрма, одберете ги украсните шноли. Прочитајте повеќе тука, каде истите може да се најдат и кај нас.