Една млада жена ја посети својата мајка, на која реши да раскаже за нејзиниот живот и за тоа колку истиот тешко го доживува во моментот. Според зборовите на девојката, толку било тешко, што веќе сакала да стави крај на сè.

Во еден момент од разговорот, нејзината мајка ја одведе во кујната. Наполни 3 садови со вода. Во првиот, таа додаде моркови, во вториот јајце, а во третиот кафе. Ги остави состојките да зовријат, без да каже ниту збор. По околу 15 минути, го исклучи оганот.

Обрајќајќи се кон својата ќерка, таа ја праша: „Кажи ми што гледаш?“

– „Моркови, јајце и кафе.“- одговори ќерката.

Тогаш нејзината мајка ја замоли да ги допре морковите. Ќерката тоа и го стори, при што истакна дека зеленчукот е мек. Следно, мајката ја замоли ќерката да го земе јајцето и да го скрши, а откако истата ја излупи и лушпата, одговори дека јајцето е тврдо сварено. На крај, ја замоли да го испие и кафето, на што ќерката се насмевна, додека ја вкусуваше богатата арома.

По сето ова, ќерката праша: „Што е смислата мајко?“

На ова нејзината мајка одговори дека секоја од состојките се соочила со еднаква „неволја“ – врелата вода, но секоја од нив реагирала различно. Морковот прво бил силен и тврд, но откако бил подложен на врела вода, истиот станал мек и слаб. Јајцето било кревко на почетокот, но откако поминало низ врелата вода, неговата внатрешност станала тврда. Кафето пак реагирало чудесно, откако било оставено да отстои, по некое време тоа ја сменило врелата вода!

– „Кое од трите си ти?“ – ја запрашала таа својата ќерка. „Кога неволјата ќе тропне на врата, ти како реагираш? Морков, јајце или си кафе?“

Помисли на тоа: „Кое сум јас?“

-Јас сум морковот, кој изгледа силен, но со болката и проблемите станува мек и ја губи својата сила?

-Јас сум јајцето, кое првично е кревко и деликатно, но се променува со топлината? Имам тврда лушпа и со проблемите, сега имам уште поцврст дух.

-Јас сум кафето, кое всушност ја променува врелата вода, односно состојбата која ми носи болка. Кога водата ќе се затопли, таа одделува арома. Јас сум кафето, кое проблемите ги претвора во своја полза и ги терам проблемите да работат во моја корист.

Што сте вие? Морков, јајце или кафе?