Сте слушнале ли за митот за Принцезата што ја надмудрила смртта? Станува збор за прекрасен индиски мит за Принцезата Саватри, нејзината вистинска љубов Сатвајан и пророштво што ги испреплетило нивните судбини засекогаш.

Принцезата Савтари, од Кралството Мудра, била добронамерна, брилијантна и полна со живот. Нејзината грациозност и убавна биле познати низ целата земја, многу моќни принцови и богати трговци го посетувале  нејзиниот двор за да ја побараат нејзината рака, но од кога ќе ја здогедале, мажите го губеле умот. Саватри неимпресиониана од додворувачите решила сама да си најде сопруг. Заминува на својата златна кочија, поминувајќи суви пустини, гласни градови и студени планини, одбивајќи многу мажи по пат. По некое веме Саватри се нашла во џунгла, каде што се запознала со Сатвајан, кој исто како и таа, уживал во тишината на шумата и допирот на ветерот по неговото лице. Трагичната животна приказна на Сатвајан ја трогнува Саватри, и таа знае дека конечно ја пронашла љубовта по која трага. Принцезата се враќа во нејзиниот дом, нестрплива да ја сподели радосната вест, но дознава за ужасно пророштво кое вели дека нејзината љубов ќе живее само уште една година. Трогната од трагичната вест Саватри се заколнува дека никогаш нема да се омажи за друг и заедно со Сатјаван започуваат скромен живот во џунглата, тотално спротивен од луксузот во кој израснала Принцезата. Велат од судбината не се бега, па така по точно една година, Богот на смртта Јамраџ, се појавува пред Саматри, подготвен да ја однесе душата на Сатвајан во задгробниот живот, но Принцезата не се откажува толку лесно. Саматри со денови го следи Јамраџ, низ пеколни пустини, игнорирајќи ги советите од Богот кој и вели да се врати назад и да заборави на Сатвајан. Со крвави стапала и суво грло, Саматир не се  откажува од нејзината љубов, гледајќи го тоа Јамраџ бил импресиониран од посветеноста на Принцезата и одлучил да и исполни една желба, може да има што ќе посака, но не и животот на нејзиниот Сатјаван. Саматри посакува видот на нејзиниот свекор да се врати,  тоа и се случило, но Принцезата не се откажала, продолжила да го следи Богот се додека тој не и исполнил уште една желба, Савтри посакала уништеното кралство на нејзиниот Сатјаван да се врати како што било порано, така и било, желбата била исполнета, но Саватри продолжила да го следи Јамраш. Богот вчудоневиден од нејзината посветеност кон мртвите, ветил дека ќе и исполни една последна желба, Саватри посакала да има многу деца, Јамраџ се сложил, а тогаш Саватри ја повторува нејзината заклетва дека никогаш нема да се омажи за друг. Јамраџ го признал порзот и го вратил Сватјан од светот на мртвите. Двајцата вљубени се враќаат назад во светот на живите, уживајќи во љубовта што дурни ни смртта не може да ја победи.

Како Саватри ќе го надмудри Јамраџ-Богот на смртта, погледнете во прекрасната илустрација на Jagriti Khirwar и Raghav Arumugam.