Миењето на лицето е нешто кое треба да го правиме редовно, секојдневно. Иако постојат многу купечки производи, најдобриот начин да направите ексфолијација на истото е во домашни услови, со природни состојки.

Еве и како тоа може уште веднаш да започнете да го практикувате со само 2 состојки, благодарение на кои за краток временски период, ќе ви добиете резултатите на беспрекорна кожа со значително намалена видливост на несовршеностите и притоа мека како кадифе.

Домашен пилинг за беспрекорна кожа

Потребни состојки

  • Сода бикарбона
  • Кокосово масло

Начин на подготовка

Исипете мало количество на сода бикарбона во мал сад и со лажица добро измешајте, за да ги елиминирате грутките, доколку има такви. Следно, додадете подеднакво исто количество на кокосово масло во садот и бавно измешајте ги состојките. Следно, добиената смеса поставете ја во микробранова на 20 секунди, за да се стопи целосно.

Потоа, складирајте ја во замрзнувачот на 15 минути, што ќе придонесе за поцврсто оформување на пилингот, што подоцна ќе го направи полесен за употреба.

 Начин на употреба

Со кружни движења нанесете го пилингот врз вашето лице и оставете го истиот да дејствува неколку минути пред да се измиете. Содата длабоко ја прочистува кожата, а кокосовото масло ги третира и лекува порите и ефикасно се бори против лузните од акните, осипи и вцрвенување.