Од наведените состојки ќе добиете 1 тегла мед од глуварчиња.

Состојки:

-4-5 полни раце со цветови од глуварче
-1 литар ладна вода
-1 кг нерафиниран шеќер
-половина лимон

Глуварчињата се мијат под млаз вода, потоа се заливаат со литар вода. Лимонот исто се мие убаво и се сече на мали коцки заедно со кората. Додадете ги цветовите и садот ставете го на ринглата. Смесата се вари околу 15-20 минути, но има луѓе кои ја варат и 10 минути.

Потоа смесата се трга од огнот и се остава да отстои околу 12 часа. На крај смесата се цеди со газа, и се внимава при цедењето.

Сега е потребно да додадете и шеќер. Потоа повторно го враќате тенџерето на плочата, но без поклопче. Неопходно е да се вари на многу тивок оган. Потребно е да го мешате повремено со дрвена лажица.

Медот се отстрануваат од огнот, кога ќе достигне одредена густина. Некои го сакаат како сируп, а други велат дека сакаат густ мед.
Можеби е потребно да ве потсетиме дека е добро да си бирате цветови од глуварчиња од чиста средина.

https://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/04/CIMG6221-90701a-800x600.jpghttps://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/04/CIMG6221-90701a-800x600-400x214.jpgМилена СтанишковскаСистемот за крвотокЗдравјеОд наведените состојки ќе добиете 1 тегла мед од глуварчиња. Состојки: -4-5 полни раце со цветови од глуварче -1 литар ладна вода -1 кг нерафиниран шеќер -половина лимон Глуварчињата се мијат под млаз вода, потоа се заливаат со литар вода. Лимонот исто се мие убаво и се сече на мали коцки заедно со кората. Додадете...Секој ден нешто свежо