Со тоа што се силни, жените стануваат пообразовани, се приклучуваат на пазарот на трудот и секогаш наоѓаат начини да ги завршат работите. Дури и да е така, ѕиркањето во методите и она што мажите го прават во нивниот секојдневен живот може да им помогне на жените да напредуваат уште повеќе.

Ние веруваме дека и мажите и жените можат да научат позитивни работи едни од други. Но, денес би сакале да се фокусираме на карактеристиките што жените можат да ги научат од мажите

Барате убавина во огледало.

За жал, некои жени се премногу критични кога се гледаат во огледало. Од друга страна, мажите речиси никогаш не гледаат недостатоци во нивниот изглед. Иако од овие наоди може да се претпостави дека мажите се посуетни од жените, резултатите откриваат поинаку. Жените се гледаат себеси во огледало за да откријат дали има „несовршености“ како акни, седа коса, брчки или размачкана шминка, додека мажите се гледаат со восхит и да се осигурат дека изгледаат добро.

Што можат жените да научат од мажите: Погледнете во огледало за да ги видите убавите работи кај вас. Ова може да ви помогне да бидете помалку критични во однос на вашиот изглед.

Прифаќање на раскинувања на подобар начин.

Кога станува збор за раскинувања, едно истражување открило дека жените наоѓаат повеќе изговори зошто работите не се одвивале ако што треба. Многу филмови го прикажуваат ова сценарио во слично светло кога парот раскинува и момчето излегува на забава или се дружи со неговите пријатели, додека девојчето липа, јаде сладолед или плаче по телефон на близок пријател или постара сестра.

Што можат жените да научат од мажите: По раскинувањето, соберете се и продолжете понатаму!

Практиката „помалку е повеќе“.

Женските тоалети се сосема различни од машките. Сликата од преполн мијалник со изобилство на производи за убавина за жени може да биде позната за некои од нас. Проблемот со премногу предмети во вашата бања е што може да изгубите евиденција за тоа што е употребливо и што треба да се фрли. За жал, влажноста и топлината од вашата бања може негативно да влијаат на вашата козметика. Од друга страна, машките бањи имаат тенденција да бидат едноставни, уредни и организирани.

Што можат жените да научат од мажите: Имајте празен мијалник само со наопходните производи и не трошете пари на козметика која нема да ја користите.

Јасно разбирање дека мислењата на работното место не се ништо лично.

Понекогаш, жените се плашат да ги споделат своите мислења затоа што можат да ги сфатат работите премногу лично или затоа што чувствуваат дека треба да бидат прашани пред да кажат нешто. Тоа е она што го споделува експертот за работната средина, Нел Мерлино. Мажите обично кажуваат работи и не се плашат да бидат осудени за тоа, што обично оди во нивна корист.

Совет што жените можат да го научат од мажите: Бидете самоуверени и потсетете ги лидерите на вашето работно место колку можете да бидете корисни!

Препознавајќи дека мултитаскинг има свои граници.

Жените отсекогаш биле перципирани како одлични за сработување за повеќе задачи одеднаш. За жал, студиите покажуваат дека жените навистина прават многу работа и како резултат се чуствуваат преморени.

Во овој случај, еве што жените можат да научат од мажите: Никој не е суперхерој. Не може да направите се одеднаш, работата, семејството и задачите во домаќинството мора да бидат подеднакво распределени со цел сите да имаат здрав и одржлив начин на живот.