Во вашата кујна се крие вистинско богатство, а тоа е чудесната сода бикарбона. Овој производ совршено може да ги земени разните скапи пилинзи, тоници, мицеларни води и креми за лице.

Едноставно е потребно да ја измешајте со други природни средства и да добиете смеса со моќен ефект, благодарение на која вашата кожа повторно ќе заблеска и ќе биде беспрекорна во секое време.

Токму вакви резултати ќе ви даде следниот рецепт за домашна маска со сода бикарбона, за брзо и ефикасно отстранување на акни, брчки и други несовршености на лицето.

Маска за длабоко прочистување на кожата и спречување на сувоста

Измешајте сомелени овесни снегулки со сода бикарбона во сооднос 1:1, а потоа добиената смеса полејте ја со подеднакво исто количество на кисело млеко. Покрај тоа што длабоко ќе ја прочисти вашата кожа, оваа маска истовремено ќе ја обнови текстурата на лицето, давајќи му свеж изглед.