Минатата недела, самохраната мајка Британи Кит, на социјалните мрежи побара помош за нејзиниот 13-годишен син, Зек, на кого стапалата брзо му растат, а веќе носи чевли број 51. Таа никако не можела да му најде соодветни чевли.

Во нејзината молба, на својот Фејсбук профил, очајната мајка објави:

„Самохрана мајка сум на 13-годишник, кој носи чевли со број 51. Тој игра кошарка, а следната есен веќе ќе оди во средното училиште во Даглас. Имам проблем со наоѓање соодветни чевли за мојот син, а од време на време, големите броеви и не можам да си ги дозволам, бидејќи се со повисока цена. Тој полека поминува во број 52 и ми треба помош. Ако можете било како да ми помогнете, би била многу благодарна“- напиша Британи.

Нејзината молба стаса до ушите на славниот кошаркар Шекил О’Нил и сега тој дојде да ја спаси ситуацијата! Тимот на телевизискиот канал Си-би-ес 46 го известил кошаркарот за ситуацијата на момчето, во која О’Нил често бил како дете, бидејќи и самиот тој се соочувал со ваков проблем, а го решил благодарение на Брус Телиабер, сопственик на продавницата за чевли „Фридманс Шуз“, кој му дал на Шекил повеќе пара на бесплатни чевли.

Сега славниот кошаркар, на истиот начин го реши проблемот за 13-годишниот Зек, водејќи го во истата продавница.

„Избери сè што ќе посакаш, а за цената, воопшто не грижете се со твојата мајка!“- рекол О’Нил.

Момчето не само што доби 10 пара на бесплатни чевли во неговата големина, туку доби и личен контакт од сопственикот, доколку во иднина има повторно проблеми, да може да му се обрати.