Многу насмевки можат да се забележат во зоолошката во Даблин.

Според ирската зоолошка, нивната западно низинска горила, Кафи, на 1-ви Април, оваа година, по прв пат стана мајка.

Приматот, кој потекнува од загрозен вид, му посака „Добредојде“ на нејзиното здраво бебе-мајмунче, кое се родило тешко 2.5 килограми.

„И двајцата сте во добра здравствена состојба и премногу слатки“- велат вработените во зоолошката.

Кафи, новата мајка, по породувањето, не сака да се оддели од своето бебе, постојано е во нејзини прегратки, до тој степен, што вработените дури не можеле да го утврдат полот на мајмунчето, бидејќи новата мајка е заштитнички настроена кон него.

А тука е и таткото Бангуи кој одлично си ја врши родителската задача, а кој во зоолошката дошол минатата година.