6-годишното момче, чие име не се открива, било пронајдено како само талка низ ресторанот за брза храна KFC, во Кина.

Овој Понеделник, на 13-ти Мај, полицијата била повикана од страна на персналот во ресторанот, откако се посомневале дека детето е напуштено, откако виделе дека подолго време само седи на масата.

„Се обидов да разговарам со него, но не кажа ниту збор. Само ја јадеше својата храна и се движеше наоколу.“- вели полицискиот офицер Јао Жиангуо.

Додека истражувале наоколу, полицијата до детето пронашла и порака во во неговиот џеб.

„Пораката велеше дека момчето е аутистично и дека родителот веќе не може да поднесе да се справува со трошоците за неговото одгледување и грижа.“-додава офицерот.

Аутистичното момче било напуштено од страна на неговата самохрана мајка, именувана само како Је. Таа последно била забележана на безбедносните камери, како си го покрива лицето со капа, пред да го остави во ресторанот.

Таа во пораката што ја оставила, напишала дека се надева дека некој хуман човек ќе го земе или ќе го остави во сиропиталиште.

Неодговорната мајка била пронајдена после 2 дена, во дом што го изнајмила и притоа била уапсена.

28-годишната жена открила дека станала самохрана мајка откако нејзиниот сопруг ја напуштил, кога нивнот син имал само 3 години и веќе не можела сама да се грижи за него.

Момчето од полицијата било однесено во Институт за аутистични деца, кадешто било соодветно згрижено.