Еден од најстарите жестоки пијалоци, кој бил измислен во 1500-та година од Холанѓаните, за лечење на разни болести е џинот. Денес е омилен и популарен пијалок, а еве какви се луѓето чиј прв избор е токму овој алкохол.

Ако вашиот омилен пијалок е џин, тогаш ќе се согласите дека следното истражување е едно од најкорисните што биле направени во последните години!

Според неодамнешно истражување, во кое биле вклучени 30.000 луѓе на возраст меѓу 18 и 34 години, од 21 различна земја, било констатирано дека луѓето кои пијат џин се посекси и попривлечни, од оние кои не го преферираат овој алкохолен пијалок.

На учесниците, при истражувањето им бил понуден широк спектар од пијалоци, кои вклучувале и вино и пиво. А истражувањето се базирало на тоа како пијалокот ги правел луѓето да се чувствуваат.

Биле вклучени емоции како чувствување енергично, релаксирано, секси, самоуверено, како и изморено, агресивно и депресивно.

Најголем процент на чувството на висока самодверба и привлечност резултирале од консументите чиј омилен и прв избор бил токму џинот. Дури 60% од испитаниците биле заслужни за овој заводлив резултат

Истовремено се покажало дека виното и пивото ги релаксираат луѓето, но имало и такви пијалоци како шпиртусот, кои предизвикувале агресија.