Дарен МекГрејди бил личен готвач на кралското семејство цели 15 години. Сега истиот открива детали од секојдневието на принцезата Дијана, претставувајќи ја во нејзиното вистинско светло.

На прво место, принцезата никогаш не се придржувала кон официјалното мени, како што кралицата Елизабета секогаш правела. Наместо тоа, принцезата Дијана секогаш во последен момент одлучувала што ќе јаде. Но, поради ова никогаш не создавала притисок на вработените во кујната.

Дури сосема спротивно од очекуваното, токму најмногу обожавала да јаде во кујната, заедно со луѓето кои ја приготвувале храната.

Кога МекГрејди започнал да готви лично за Дијана и нејзините синови, таа била навистина вклучена во разни активности. Покрај тоа што активно учествувала во 199 организации, во слободното време посетувала теретана трипати неделно и секогаш се грижела за нејзините деца, давајќи го најдоброто од себе.

Една од потешкотиите со кои се соочувала принцезата Дијана била булимијата. Но, токму МекГрејди бил оној кој й помогнал да ја преброди оваа состојба.

„Ти погрижи се за мастите во кујната, јас ќе се погрижам за јаглехидратите во теретаната.“- така му велела принцезата на личниот готвач. За таа цел, МекГрејди ги исфрлил тешките сосови и јадења од менито и започнал да готви само здрава храна.

Едно од најомилените јадења на принцезата Дијана биле полнетите пиперки, на кои се насладувала 2-3 пати неделно, а притоа и обожавала и многу риба и свежо цедени сокови.

Готвачот открива дека нејзината љубов кон здравиот начин на живот и здрава исхрана ја пренела и на малите принцови.