Малиот Гејџ Бергер имал само 6 години кога започнал неговиот кошмар на училиште. Останатите деца го исмевале момчето поради големите уши, поради што неговите родители решли да го пратат на операција.

Гејџ секојдневно се соочувал со погрдни коментари на негова сметка, а прекарот „Дамбо“ му го уништил детството. Родителите не сакале нивното дете да трпи вакво психичко малтретирање за време на школувањето.

Се плашеле дека навредите можат да влијаат многу лошо врз него, па затоа побарале помош од пластичен хирург, кој се согласил да му помогне на малиот Гејџ.

Еве како сега по опрацијата изгледа момчето, а насмевката која не ја симнува од неговото лице кажува сè.