Идните родители секогаш имаат за што да бидат загрижени, но најмногу од сите, сите се секогаш загрижени дали детето ќе се роди здраво. За жал, тоа не беше случајот со семејството на Дејвид и Сара Хелер.

Во 24-та недела од бременоста, резултатите од ултразвукот покажаа дека бебето има двострано скинато место на усните и непцето. Откако им соопштиле, лекарите им предложиле на родителите да размислат за абортирање или сепак, да го задржат нивното бебе.

Родителите беа предупредени дека детето ќе се роди со таква деформација и најверојатно ќе има и други здравствени проблеми, предизвикани од тоа. Но, Сара ја одби идејата за абортус и така се роди бебето Броди.

Парот воопшто не го засегаше фактот што нивното дете се роди поразлично од другите и беа спремни да направат сè за да му помогнат. Сара и Дејвид решија да го променат мислењето на околината за децата со деформитет, така што на социјалните мрежи објавија фотографии од нивниот син и добија разни реакции.

Нивната основна цел беше да објаснат каков е деформитетот на Броди и да истакнат дека доколку истиот не се корегира по пат на операција, детето во иднина ќе има огромни проблеми со дишењето, консумирањето храна и општо, со живеењето нормален живот.

По одреден период, родителите најдоа соодветен хирург, благодарение на кој денес деформитетот на Броди е минато, а малото момче сега може да има нормално детство како и неговите врсници.