Кремаста торта со кисело млеко, без брашно – Нежен вкус кој ќе ве однесе на врвот!

Исклучително лесна и брза за подготовка, кремастата торта која денес ви ја претставуваме има толку нежен и прекрасен вкус, на кој ретко кој може да одолее. Со само 7 едноставни состојки, погледнете како може уште денес ја приготвите.

Кремаста торта со кисело млеко, без брашно

Исклучително лесна и брза за подготовка, кремастата торта која денес ви ја претставуваме има толку нежен и прекрасен вкус, на кој ретко кој може да одолее. Со само 7 едноставни состојки, погледнете како може уште денес ја приготвите.
Вкупно време1 ч 30 мин
Оброк: Десерт
Кујна: италијанска
Клучни зборови: кисело млеко, кремаста торта
Порции: 4

Состојки

  • 400 гр кисело млеко
  • 4 јајца
  • 100 гр шеќер
  • 50 гр нишесте (пченкарен скроб)
  • 1 кафена лажица пециво
  • 1-2 кафени лажици изрендана кора од лимон

Начин на подготовка

  • Одделете ги белките од жолчките. Потоа изматете ги жолчките со шеќерот до добивање густа и светла смеса. Кон истите додадете ги киселото млеко, нишестето измешано со пецивото и добро измешајте ги сите состојки заедно.
  • На крај додадете ја изренданата кора од лимон. Сега добро изматете ги белките и потоа додадете ги кон претходно добиената смеса. Поставете хартија за печење во сад со дијаметар од 20 цм и загрејте ја рерната на 170°C.
  • Исипете го тестото во садот, измазнете одозгора и поставете го колачот да се пече 40-45 минути. Пред да сервирате, оставете го колачот да се излади на 1 час.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating