На сите нам добро познати ни се чудесните својста на медот за здравјето, а дека воедно истиот со циметот претставува супер комбинација и моќно средство против слабеење.

Односно, доколку медот и циметот се консумираат секоја вечер пред спиење, оваа моќна комбинација ефикасно ги стимулира цревата, ги прочистува, ги отстранува габичките, паразитите и другите бактерии кои предизвикуваат лоша и бавна дигестија. На овој начин, поттикнувајќи го метаболизамот, ќе успеете да се ослободите од несаканите вишок килограми и ќе ги стопите наталожените масни наслаги.

Кога телото целосно ќе се исчисти, вие ќе ја добиете посакуваната фигура, но воедно значително ќе го подобрите и зајакнете вашето здравје. Еве како да ја приготвите комбинацијата.

Домашен рецепт за ефикасно слабеење

Во 200 мл врела вода додадете половина кафена лажица цимет, а кога водата ќе се излади, додадете 1 кафена лажица мед и оставете ја смесата во ладилникот. Следниот ден, пред спиење подгответе нов напиток, а оној напиток што веќе го имате во ладилникот, испијте го.

Во напитокот не треба да се додава ништо друго, освен наведените состојки и истиот задолжително треба да се консумира пред спиење, бидејќи во спротивно ќе нема ефект.