Компанија од Флорида, која работи на спасување на коралните гребени во државата, има необично решение за проблемот-  да постави „топки“ со човечки остатоци на морското дно.

Звучи како прилично морбиден деловен план, но очигледно станува популарна опција меѓу локалните жители и љубителите на океанот.

Дизајнирани од Reef Innovations, подводните „надгробни споменици“ се направени од посебен нетоксичен бетон што може да биде „домаќин“ на морски суштества и да служи како место за растење на коралите. Компанијата соработуваше со Eternal Reefs за поставување на скоро 2.500 „гробови“ што содржат човечка пепел на локации долж источното крајбрежје и заливот на Мексико.

Според некои експерти, тонењето на тешки предмети околу гребените всушност може да им наштети на коралите што тие се обидуваат да ги заштитат. Но овие спомен обележја, дизајнирани од „Reef Innovations“, се лесни и обезбедуваат место за растење на коралите, што е целосно компатибилно со морскиот живот.

Ова е неопходно решение. Освен што обезбедуват живеалиште за сите видови морски суштества, коралните гребени дејствувајќи и како природна бариера од бури и урагани.