Човечкото око може да детектира близу 10 милиони различни нијанси на бои. А ако вие сте едни од ретките кои можат да разликуваат многу тонови, тогаш ова е вистинската работа за вас!

За да ги забележиме тие нијанси, американската Академија за офтамологија објаснува дека тоа се случува кога светлината допира некој објект, а објектот или ја апсорбира истата или ја рефлектира.

Таа рефлектирана светлина потоа влегува во човечкото око, а потоа продира низ мрежницата, која пак е одговорна за дешифрирање на бојата за времетраење од неколку милисекунди.

Тоа е толку сложена, но истовремено и чудесна работа за која е способно нашето тело, но сепак постојат многу луѓе кои не можат да разликуваат две различни нијанси на пр. од белата боја.

Но, за вистинските обожаватели, фанатици за бои кои ја знаат разликата меѓу нијансите на „синото јајце“ на американското врапче, азурната и темно сина, ова е работата од соништата за нив!

Компаниајта за боја Бехр објави дека бара експерт за бои, кој ќе патува првично низ Америка и Канда и ќе открива нови, непознати нијанси.

„Луѓето се фасцинирани од процесот на пронаоѓање и именување на нови бои. За тоа е потребно многу време, труд и детална анализа. Нашите експерти патуваат насекаде низ светот за да успешно ја извршат својата задача. Затоа на новиот кандидат сакаме да му дадеме можност кој исто така ќе патува и ќе постави нов тренд на нови нијанси.“– вели Ерика Воелфел, претседател на креативниот одобор.

Според описот и деталите за работната позиција, кандидатот покрај другото, треба да биде спремен и на храбро истражување на природата и светот, кое можеби ќе вклучува кајакарство, набљудување на екстериерот, одење на музички фестивали и многу други забавни, но и тешки активности.