Речиси секој од нас обожава јајца, во било каква форма, но сите може да се согласат дека колку и да се вкусни варените јајца, понекогаш нивното лупење претставува вистинска невозможна мисија.

Со цел да заштедите и време и нерви, денес ви откриваме еден неверојатено лесен начин како да добиете излупени јајца за секунда, без воопшто да се трудите.

Што треба да направите?

Исипете доволно количество на вода во садот во кој ќе ги варите јајцата, така што водата ќе ги покрива јајцата одозгора неколку центиметри. Растворете половина кафена лажица сол и половина кафена лажица сода бикарбона во водата и потоа додадете ги и јајцата.

Варете ги јајцата 10 минути. Кога ќе бидат доволно изладени, внимателно чукнете ги по целата површина, а потоа ќе забележите како лупшата сама ќе падне.