Рецептот за ова ќилибарно јаболково слатко е неверојатно едноставен, а неговиот вкус ги надминува сите наши очекувања! За да го приготвите, потребни ви се најлесните состојки, а еве и како.

Ќилибарно слатко

Рецептот за ова ќилибарно јаболково слатко е неверојатно едноставен, а неговиот вкус ги надминува сите наши очекувања! За да го приготвите, потребни ви се најлесните состојки, а еве и како.
Вкупно време3 денови
Оброк: Десерт
Кујна: Турска
Клучни зборови: јаболка, слатко, слатко од јаболка
Порции: 4

Состојки

  • 1 кг јаболка
  • 1 кг шеќер

Начин на подготовка

  • Измијте ги јаболката и извадете ја срцевината и излупете ги (по желба). Потоа исечете ги на парчиња со дебелина од 5-10 милиметри. Измерете ги, потребни ви се 1 кг парчиња од јаболката и 1 кг шеќер.
  • Наредете ги на слоеви во тенџерето, а врз слоевите нанесете шеќер. Оставете ги јаболката да отстојат во тенџерето околу 12 часа. По 12 часа, наведнете го садот и проверете дали се појавува сок.
  • Во случај кога нема доволно сок, може да додадете чаша вода, но ако јаболките покажале доволно сок, тогаш може слаткото да го приготвите и без додадатна течност.
  • Поставете ги јаболката и шеќерот во соодветен сад, на слаб оган и оставете ја смесата да зоврие 5-10 минути, а потоа исклучете го оганот. За време на готвењето, со лажица придвижувајте ги јаболката во сирупот,но без да мешате, со цел да бидат потопени.
  • Оставете ги повторно да отстојат така 6-8 часа. Потоа,повторно поставете го слаткото на оган, варете на слаб оган 5-10 минути и исклучете. Повторно за време на готвењето, неопходно е јаболката да бидат потопени во сирупот.
  • Оставете повторно да отстои 12 часа, а потоа варете по 3-ти пат, додека да се згусти (околу 5-10 минути). Стерилизирајте соодветни тегли, додадете го слаткото и добро затворете со капак.