Оваа диета со варени јајца е исклучително популарна затоа што ветува брзо слабеење, а нејзините резултати се ефикасни и трајни.  Варените јајца можат да се заменат со некои други извори на протеини во некои оброци.

Доколку планирате во одреден момент да ги замените, тоа мора да го сторите со посно месо или риба. Од зеленчукот, дозволен е оној што не содржи скроб, а од овошјата, можете да го јадете она со низок процент на шеќер.

Застапниците на оваа диета ветуваат дека можете да изгубите до 8 килограми за 3 недели.Сепак, треба да знаете дека ова е многу рестриктивна диета и дека не треба да ја практикувате премногу долго.

Цели групи на храна се целосно исклучени, затоа не заборавајте да се консултирате со лекар пред да одлучите да ја држите оваа диета.

За појадок, се препорачуваат најмалку 2 варени јајца, заедно со варен зеленчук, како што се блитва или спанаќ и салата од домати. Од овошје, можете да јадете грејпфрут.

За ручек и вечера, можете да јадете варено или печено месо – пилешко или риба, со зелен зеленчук. Дозволено е и парче многу посно говедско или свинско месо.

Delicious fried fish on green asparagus with salad

Од зеленчук, може слободно да уживате во тиквички, пиперки, брокула и зачини како лук, босилек, куркума, рузмарин и оригано.

Овошјето со малку шеќер кое е дозволно да се консумира вклучува портокали, лубеници, бобинки и лимони. Од пијалоци, освежете се со вода или чај и кафе без шеќер.

Од мастите, дозволено е кокосово и маслиново масло, а повремено и мала количина на путер.

Од време на време, можете да додадете млечни производи со малку маснотии во менито – нискомаслено млеко, јогурт или сирење.

Избегнувајте компири, грашок, мешунки, како и банани, ананас или суво овошје.

Не е дозволена преработена храна или грицки, а ниту леб, ни колачи не смеат да се консумираат за време на оваа диета. Особено алкохолот и засладените пијалоци мора да ги избегнувате.