Ефикасен начин за прочистување на белите дробови, особено кај пушачите се овие неколку вежби, кои што иако делуваат едноставно тие се многу корисни кога се работи за Вашето здравје.

Се што треба да направите е да застанете исправено со рацете покрај телото и нозете малку раширени. Вдишете од носот и потоа задржете го воздухот неколку секунди па издишете од устата. Не престанувајте тука затоа што имате уште воздух во белите дробови. Откако сте го испуштиле воздухот од уста без да земате повторно здив извикајте „ха ха ха“ неколку пати додека не забележите дека стомакот ви се вовлекува. На овој начин дијафрагмата ќе го исфрли воздухот кој останува во белите дробови. Повторете ја оваа вежба неколку пати.