Сослушување

Најважно е да не се вознемирувате од најмала критика и да не ги оставите емоциите да ви пречат на нормалната перцепција на информација. Ислушајте внимателно и докрај тоа што има да ви каже вашиот шеф, оставете го да ви објасни зошто не е незадоволен од вас.

Тешко е затоа што: на никого не му е пријатно да го критикуваат. Понекогаш некои зборови ви се чинат како директен напад против вас, а тие всушност се само факти кои треба да бидат анализирани.

Добро: кога сослушувате, вие давате време да помине првичниот афект – како вашиот, така и на Вашиот шеф. А кога ќе се смирите, и двајцата ќе може да зборувате многу мирно и разумно.

Слушнете ја вистинската порака

Кога Ве критикуваат, не брзајте да се оправдате или да се навредувате. Подобро фокусирајте се да ги анализирате зборовите на Вашите претпоставени. Поставете си прашања како: дали можам да ја завршам задачата подобро или побрзо, и на друг начин? Како навистина можам да го подобрам квалитетот на работа?

Тешко е затоа што: во повеќето случаи се доживувате како невина жртва на “лошиот” газда кој само бара нешто од Вас без да ви се заблагодари. Но, вистината е дека Вие сте на работа за да работите, а не за да ве галат со пердув.

Добро: Кога ќе ги насочите напорите да ја анализирате ситуацијата, всушност дејствувате, а не стоите на едно место, затворени во сопственото незадоволство и навреда. А со тоа се обидувате да ги побарате и сопствените грешки во ситуацијата, кои ќе ви помогнат да се развивате.

Не земајте ништо лично

Дури и да ве критикуваат на работното место, тоа не значи дека сте изгубени и дека ништо не правите. Ако сето тоа го земете како личен напад, бидејќи верувате дека на Вашиот шеф не му се допаѓате, тогаш сами се внесувате во филм, чиј крај нема да биде убав. Ослободете се од мислите дека работите се лични. Ќе видите дека ова може да се докаже крајно позитивно и да станете уште подобри во работата.

Тешко е затоа што: секој сака да биде пофален за работата што ја завршил. Но понекогаш работите едноставно не одат по план, па мора да трпите критика.

Добро: Ако успеете да не ја земате критиката лично, можете да се претворите во идеалниот вработен кој едноставно слуша што се бара од него и го дава најдоброто од себе, а кога ќе згреши, само продолжува напред, без да биде незадоволен.

Прифатете дека секој греши

Некои од Вас, особено оние кои се перфекционисти, тешко прифаќаат критика од околните. Дури и од претпоставените. Да признаете дека секој има недостатоци, дури и вие самите, не е лесно, но всушност е исклучително ослободувачки и е една од најважните лекции не само во работата, но и во животот. Грешките се можност да се погледне на работите од друг агол, да размислувате над детали кои инаку би ги игнорирале.

Тешко е затоа што: секој сака да биде совршен.

Добро: Единствениот начин да станувате подобри е да се претпостави дека има каде да се развиваме – односно сѐ уште да правиме грешки.

Погледнете во перспектива

Најдобар начин да се справите со критиката е да не се гледа премногу во дадената ситуација. Ако се преиспитувате по сто пати зошто сте ја добиле оваа критика и како таа не била фер и како сте оштетени, ќе загубите драгоцено време. Погледнете глобално на работите, не се загледувајте само во конкретната критика.

Тешко е: бидејќи се водите од емоции, а тие Ви пречат да мислите глобално.

Добро: Ако сепак можете да ги оставите настрана и да размислите за она што е вашата позиција во оваа фирма, какви се вашите планови, какви се врвовите кон кои се стремите, тогаш конкретната ситуација, може да ви се чини сосема мала и незначителна по патот по кој одите. Сепак целта е да не дозволите ништо да Ве запре!