Една Австралијка стана горда сопственичка на раскошна палата во Сиднеј токму кога наполни 30 години.

Џорџија Мур (30) и Даниел Контос (31), ко-основачите на бутикот „White Fox“ оваа недела го купија раскошниот „трофеј“  во Vaucluse за 34,5 милиони долари.

Големата куќа во медитерански стил се наоѓа на простор од 1.200 квадратни метри и е надградба од нивната „скромна работничка куќа“ од 2,9 милиони долари.

Двојката го направи своето богатство во модната индустрија, при што Мур започна со продажба на облека на eBay во 2013 година, нудејќи ги најновите трендови по пристапни цени.

И покрај тоа што немала искуство во индустријата, потфатот се покажа како огромен успех и беше почеток на брендот White Label Boutique што го носат сестрите Кардашијан, Софија Ричи, Хејли Болдвин и Емили Ратајковски.

„Работев со полно работно време, немав поим дека ова ќе биде толку голем како што е сега или дека ќе биде препознаено од многу луѓе што ги среќавам“, изјави Мур.

Таа рече дека главната тајна зад успехот се социјалните мрежи.

„Немав пари кога го започнав бизнисот, па ако не го користевме Инстаграм, мислам дека немаше да порасне толку голем како што е“, рече таа.

Ковид-19 неверојатно донесе уште поголем успех за бизнисот откако купувачите имаа зголемен интерес за спортска облека.

Трговецот на мало забележа огромен пораст од 154 отсто во продажбата на оспортска блека и 92 отсто во продажба на долна облека меѓу мај и август.

По седум години успех и раст на домашно тло, брендот сега дополнително се прошири и на американскиот пазар со салони во Лос Анџелес.

Ангелот на Викторија Сикрет, Јасмин Тоукс и уште неколку топ модели беа облечени во бикини на White Label додека идната невеста ја прославуваше својата моминска забава во Хрватска.

Како течеше растот на бизнисот?

2013: Даниел Контос и Џорџија го основаа бутикот White Fox

2015: Лансиран е костимот за капење White Fox

2016: Позната личност е забележана за прв пат како ја носи марката

2017: White Fox Active ја објави својата прва колекција

2019: Марката има еден милион следбеници на Инстаграм и го формираше своето ново седиште во Сиднеј

Ноември: White Fox Boutique ја лансираше својата веб-страница во САД

2020: Брендот се проширува американскиот пазар со отварање салони во Сиднеј и Лос Анџелес

2021: Продажбата на спортска облека се зголеми за 154 отсто по карантинот во Сиднеј во јуни

Продажбата на долна облека се зголемува за 94 отсто бидејќи Квинсленд и Викторија се во карантин.