Сите домаќинки имаат еден заеднички проблем, а тоа се сувите и испукани дланки. Поради честата работа околу домот и користењето на различни видови на хемикалии, домаќинките никако да се ослободат од овој проблем. Но постои еден едноставен домашен рецепт со кој ќе си ја вратите нежноста на рацете.

Состојки:
– Шеќер
– Маслиново масло

Се што треба да направите е на дланката да ставите една до две лажици шеќер и иста количина маслиново масло. Потоа со оваа смеса истријте си ги рацете. Со прстите убаво масирајте ги дланките за да ги отстраните сите мртви клетки од кожата. На крај рацете измијте ги со силен млаз вода и потоа ставете хидратантен крем.

Препорачливо е овој пилинг да се прави неколку пати во неделата.