Панираните јадења се едни од најомилените на речиси повеќето луѓе, и покрај тоа што не се најздравиот избор. Но, кој може да одолее на пилешко месо или пак, кашкавал со крцкава златна кора?

Денес ви откриваме како правилно да ги панирате состојките, без воопшто да ја валкате кујната или самите себе, а дури и без да ги извалкате чиниите.

Генијален трик за лесно панирање

Едноставно исипете ја смесата за панирање во најлонски плик и внатре поставете го производот кој сакате да го панирате.

Добро затворете го пликот и протресете, за да смесата се распространи насекаде.

Како резултат на тоа, смесата за панирање ќе биде целосно и подеднакво распространета врз производот, наместо на работната површина или вашите раце.

Истиот метод може да го користите и доколку станува збор за течна смеса за панирање.