Семејството е специјална врска која се заснова на многу близок однос и истата трае засекогаш. Речиси секој посакува да живее во хармонично семејство, но што доколку вашите најблиски се далеку од совршени?

Како да ги познаете токсични луѓе?

Што да направите доколку имате токсични роднини, родители, брат или сестра? Да им го свртите грбот или постојано да правите компромиси?

Знаци дека имате токсична личност во ваша близина

  • Личноста постојано манипулира со вашата доверба, која денес ве теши, а следниот ден, јавно ве исмејува.
  • Не ги признава своите грешки, дури и да има сведоци и очигледни докази и ќе ве принуди да верувате дека нејзината грешка е всушност ваша вина.
  • Постојано ги критикува останатите, ставајќи се себеси на прво место.
  • Се однесува агресивно и се однесува дека секогаш е во право. Агресивноста најчесто е застапена во брачниот или родителскиот однос.

Како лесно да се справите со токсичните луѓе?

  • Излезете од вашата комфор зона, без да се плашите. Нештата само ќе станат полоши доколку останете заробени во токсичен однос.
  • Анализирајте ги вашите стравови и преиспитајте се дали вреди да ја имате токсичната личност во вашиот живот.
  • Практикувајте емпатија. Обидете се да разберете зошто некој се однесува токсично, бидејќи можеби може да му помогнете.
  • Ценете го вашиот личен простор и не дозволувајте туѓата негативна енергија да го наруши.
  • Секогаш бидете учтиви и трпеливи. Ослободувањето од токсичните луѓе не значи целосно да ги исклучите од вашиот живот. Едноставно на културен начин намалете ја комуникацијата со истите.