Секој кој што е на диета или практикува здрав начин на исхрана, е свесен за здравите придобивки кои ги содржи пилешкото месо. Пилешките гради се многу обожавани токму поради фактот што содржат малку масти и малку калории.

Како омилена храна на спортистите, за денес ви откриваме рецепт како да приготвите диетална руска салата, без да го нарушите вашиот здрав начин на исхрана за време на празниците, но истовремно да се насладувате во нејзиниот незборавен вкус.

Здрава руска салата

Потребни состојки

  • 200 гр пилешко филе
  • 200 гр кашкавал
  • 200 гр моркови
  • 2 супени лажици грашок
  • 100 гр кисело млеко или кисела павлака
  • 1 чешне лук
  • Сол и мелен црн пипер по ваш вкус

Начин на подготовка

Сварете го пилешкото месо и исечете го на мали коцки. Изрендајте ги кашкавалот и морковите или исто така исечете ги на мали коцки, а потоа измешајте ги со пилешкото месо. Додадете го грашокот кон салатата и зачинете со кисело млеко или кисела павлака. На крај додадете ги и преостанатите зачини, односно исечениот лук, солта и мелениот црн пипер.

Лесната диетална руска салата е готова, а вие може да започнете со славењето!

Пријатен апетит!