Не мора да бидете славна личност за да имате непосакувани „обожаватели“. Честопати демначите се луѓе што ги познаваме, како колега или поранешен партнер. Она што започнува како голем интерес за вас, може брзо да се претвори во непријатна ситуација, но ако ги забележите знаците доволно рано, можете да научите како да ги избегнувате овие типови на луѓе.

Ќе ви претставиме некои од раните знаци на демнење за да ви помогнеме да останете безбедни.

Гледате како истата личност се мота наоколу.

Да забележите дека некој се мота околу вашето работно место или соседство, може да биде еден од првите знаци дека некој ве демне. Можеби налетувате на истата личност во самопослуга или тие постојано паркираат покрај вас на улица или во гаража.

Се разбира, да се судрите со иста личност повремено, не значи дека ве следат. Но повторувачките „случајни“ средби може да сигнализираат кон тоа.

Знаат повеќе за вас отколку што сте им кажале.

Можеби само што се запознавате со сосед или колега, а тие знаат информации за вас што не сте им ги кажале. Демнач ќе ги користи вашите профили на социјалните мрежи за да добиете што е можно повеќе информации за вас. Тие исто така може да се обратат до вашето семејство, пријатели или работно место за повеќе информации.

Манипулирање до интеракција со вас.

Демначите често знаат да ве „стават во тесно“ за да зборувате со нив. Можеби „ќе ви се закачат“ на некоја забава знаејќи дека вие нема да направите сцена поради големиот број луѓе што се наоколу.

Шират лични (погрешни) информации за вас.

Демначите можат да шират гласини за вас лице-в-лице или преку интернет. Вообичаено е за нив да направат профил на социјалните межи во ваше име и да се обидат да ви го преземат идентитетот. Тие го прават ова за да ве засрамат и шират дезинформации на кој било начин.

Доаѓа „да ве спаси“ во итни случаи.

Се разбира на секој може да му се случи да му се расипе автомобилот, но имајте на ум дека многу демначи сакаат да глумат херои. Тие можат да создадат ситуации кога ќе можат да ве спасат и да бидат вашиот принц на бел коњ. Тие „случајно ќе поминат и ќе забележат дека ви треба помош“.

Несакани или несоодветни подароци.

Ова може да биде знак, особено ако сте им кажале дека не сте заинтересирани за нив. Тие обично се обидуваат да ве изманипулираат за да ги прифатите нивните подароци ставајќи ве во ситуација каде што нема да може да ги одбиете.