Фитнес инструкторите се едногласни дека тајната во брзото и ефикасно слабеење е упорноста и редовното вежбање. Но, пак, повеќето луѓе ќе се согласат дека секојдневното вежбање не им е најомилената активност.

Но, следната едноставна вежба е сето она што ви е потребно да ги обликувате вашите нозе, без воопшто да вложувате многу труд. Едноставно практикувајте ја истата секоја вечер, 3 минути, пред да отидете на спиење.

Зацврстете ги истовремено и бутовите и стомакот

Малку искривете ја вашата положба кон едната страна, а рацете поставете ги до телото. Благо поткренете ги нозете под прав агол и максимално исправете ги колената.

Следно, наведнете се, задржете неколку секунди и потоа вратете се во првобитната положба, притоа не заборавајте да ги држите колената споени заедно.

Повторете сега со благо наведнување на вашата положба на спротивната страна.

Повторете ја вежбата 10 пати и за двете страни.