Кајли Миног изгледа едноставно неверојатно, а тоа го докажа со најновото нејзино појавување на сцената, во соработка со CNN, облечена во елегантен син фустан. Фановите се едногласни дека светски популарната пејачка изгледа двојно помладо од нејзината вистинска возраст т.е 52 години.

Малку ѕвезди на нејзина возраст може да се пофалат со ваков младешки изглед и супер затегната кожа. Покрај во елегантната модна комбинација, ѕвездата на фановите им покажа и како изгледа во сосема природно издание, облечена во бела долна облека и притоа не носејќи никаква шминка.