Пред повеќе од 20 години, на телевизиските екрани се емитуваше латиноамериканската хит-серија „Росалинда“, која беше омилена на милион луѓе ширум светот, а тоа во голем дел се должеше токму на самата актерка Талија, која ја толкуваше улогата на Росалинда, која воедно беше и самата главна улога.

Мексиканската актерка денес има 49 години, а многумина се едноставно воодушевени поради фактот што ѕвездата и по 20 години изгледа подеднакво неверојатно и атрактивно, како воопшто ниту за миг да не остарела. Покрај актерството, Талија важи и за една од најуспешните латино пејачки со 15 албуми зад себе.