Оваа италијанска торта е вистинска конкуренција на популарното тирамису. Нејзиниот богат вкус никого не остава рамнодушен, а најдоброто од сè е што таа се приготвува неверојатно лесно.

Италијанска оревова торта без брашно

Оваа италијанска торта е вистинска конкуренција на популарното тирамису. Нејзиниот богат вкус никого не остава рамнодушен, а најдоброто од сè е што таа се приготвува неверојатно лесно.
Вкупно време5 часа
Оброк: Десерт
Кујна: италијанска
Клучни зборови: чоколадна торта, торта со ореви, ореви
Порции: 4

Состојки

  • 1 кафена лажица брашно
  • 150 гр шеќер
  • 1 прстофат лимонска киселина
  • 150 гр ореви
  • 4 белки
  • 1 прстофат сол

За филот

  • 300 мл слатка павлака
  • 80 гр темно чоколадо
  • 5 гр темно чоколадо
  • 1 супена лажица шеќер

Начин на подготовка

  • Изматете ги белките со солта и лимонската киселина, a потоа постепено додадете го и шеќерот и добро измешајте, до добивање густа смеса.
  • Потпечете ги оревите во тава, колку да испуштат мирис. А потоа, сомелете ги, но без да ги претворате сосема во прав.
  • Додадете ги брашното и оревите во белките и добро измешајте ги состојките.
  • Од хартија за печење, исечете 6 кругови со дијаметар од 18 центиметри. Секој круг премачкајте го со растително масло и одозгора формирајте круг со смесата од белката. Испечете ги пандишпаните во претходно загреана рерна на 180°C.
  • Печете го секој пандишпан 5-7 минути. Откако ќе го извадите од рерна, оставете го да се излади, а потоа со широка шпатула одделете го од хартијата. Неопходно е да бидете внимателни при овој чекор, за да не ги оштетите пандишпаните.
  • Растопете 80 гр темно чоколадо на водена пареа, додека да стане сосема течно. Со четка, премачкајте 5 од пандишпаните, притоа оставајќи го 6-от непремачкан. Оставете ја чоколадата да се зацврсти на собна температура.

За филот

  • Изматете ја павлаката, додадете 1 супена лажица шеќер во прав и повторно изматете.
    Одделете 4 супени лажици од павлаката во одделен сад. Кон останатата павлака
    додадете 30 гр рендано чоколадо и измешајте.
  • Сега подгответе ја тортата. Врз секоја кора нанесете од филот.
  • Премачкајте ја целата торта со преостанатата павлака, што не изматена со чоколада, а најодозгора, нанесете изрендано темно чоколадо врзнејзината површина. Поставете ја тортата да отстои неколку часа во ладилникот пред да ја сервирате.