Изматете ги белките со солта и лимонската киселина, a потоа постепено додадете го и шеќерот и добро измешајте, до добивање густа смеса.
Потпечете ги оревите во тава, колку да испуштат мирис. А потоа, сомелете ги, но без да ги претворате сосема во прав.
Додадете ги брашното и оревите во белките и добро измешајте ги состојките.
Од хартија за печење, исечете 6 кругови со дијаметар од 18 центиметри. Секој круг премачкајте го со растително масло и одозгора формирајте круг со смесата од белката. Испечете ги пандишпаните во претходно загреана рерна на 180°C.
Печете го секој пандишпан 5-7 минути. Откако ќе го извадите од рерна, оставете го да се излади, а потоа со широка шпатула одделете го од хартијата. Неопходно е да бидете внимателни при овој чекор, за да не ги оштетите пандишпаните.
Растопете 80 гр темно чоколадо на водена пареа, додека да стане сосема течно. Со четка, премачкајте 5 од пандишпаните, притоа оставајќи го 6-от непремачкан. Оставете ја чоколадата да се зацврсти на собна температура.