Можеби стоматологот може најдобро да се погрижи да се исчисти забниот камен, но постојат и природни рецепти со помош на кои ќе успеете да се ослободите од него.

Сончоглед

Се што треба да направите е да ставите 4 лажици сончоглед и 4 лажици цвет од липа и сето тоа да го прелиете со 1 литар вода. Потоа варете половина час и со оваа смеса мијте ги забите веднаш по секој оброк.

Ореви

Потребни ви се 30 грама кори од ореви. Полијте ги со вода и варете околу 15 минути. Ставете ја вашата четка за заби во оваа смеса и тријте ги забите околу 5 минути. Правете ја постапката три пати на ден, наутро, попладне и навечер.

Јаболков оцет

Јаболков оцет не е за секојдневна употреба туку се користи еднаш неделно. Ставете јаболков оцет на четката за заби и тријте ги забите. Потоа потребно е добро да се исплакне устата со вода.