Ние сме едно со универзумот и не го велиме тоа само фигуративно. Науката ни кажува дека поголемиот дел од нашето тело е направено од космичка прашина. И кога сме кај универзумот, може да бидете шокирани кога ќе откриете дека неговата боја е беж, а не темно сина. Некои факти се толку зачудувачки што на почетокот е тешко да се поверуваат и покрај тоа што се научно докажани.

Ние собравме фасцинантни вистини што ќе ве натераат никогаш повеќе да не гледате на некои работи на ист начин.

Комарците ги привлекуваат одредени бои.

Можеби не го очекуваме ова, но она што го носиме може да има директен ефект врз тоа зошто комарците не не` оставаат на мир. Овие мали инсекти ги привлекуваат темни бои се вели во една студија. Истото истражување исто така ни кажува дека овие летачки инсекти се привлечени од топлина која темните бои ја апсорбираат повеќе од светлите.

Јадењето пред спиење предизвикува кошмари.

Грицкањето на тој вкусен чипс  пред спиење можеби не е одлична идеја ако барате здрав и мирен сон. Според една студија, внесот на храна пред спиење може да има негативно влијание врз ефикасноста на спиењето, особено кај жените. Покрај тоа, друга студија сугерира дека консумирањето млечни производи пред спиење може да доведе до вознемирувачки и бизарни соништа.

Телефоните се повалкани од тоалетите.

Можеби сметаме дека нашите паметни телефони се незаменлив дел од нашиот секојдневен живот, но овој корисен уред може да крие мало изненадување (или подобро кажано милион мали изненадувања). Истражување спроведено на мобилни телефони на ученици од средно училиште откри дека тие биле контаминирани со потенцијално патогени бактерии. Всушност, според научниците, мобилните телефони имаат 10 пати повеќе бактерии отколку повеќето тоалети.

Дрвјата се поврзани едни со други со подземна мрежа.

Се верува дека нивните корени се меѓусебно поврзани под земја и формираат гигантска мрежа што може визуелно да се спореди со човечкиот нервен систем. Според научниците, оваа мрежа овозможува комуникација меѓу дрвја и „делува на нивното однесување, одбрана, учење и меморија“.

Капацитетот за складирање на човечкиот мозок е 2,5 милиони гигабајти.

Со стотици милиони неврони меѓусебно поврзани во она што формира мрежа од повеќе од трилиони врски, нема сомнение дека овој фасцинантен орган има неверојатни способности. Според една студија, меморијата на нашиот мозок е еднаква на 2,5 милиони GB, што може да се спореди со меморијата потребна за 3 милиони часови ТВ -серии.

Гравитацијата ги прави нашите носови и уши да станат поголеми со текот на времето.

Изненадувачки, причината зошто носот и ушите изгледаат поголеми како старееме е всушност ефектот на гравитацијата врз кожата. Ова се случува и со другите органи на телото, меѓутоа, овие 2 се највидливи.

Затворањето на очите ја подобрува меморијата.

Краткиот момент на релаксација со целосно затворени очи никогаш не е лоша работа, напротив, се верува дека нашата меморија може да има корист од оваа кратка пауза. Според еден експеримент, 15 минути одмор со затворени очи по слушање кратка приказна може да ви помогне подобро да ја запомните приказната. Покрај тоа, врз основа на оваа студија, беше откриено дека очевидци на злосторствата се сеќаваа на попрецизни детали кога ќе ги затворат очите.

Бојата на Универзумот е беж.

Кога се обидуваме да го визуелизираме космосот, најверојатно темните нијанси на сина ќе ни се појават како доминантна боја. Сепак, науката ни кажува дека ова не може да биде подалеку од вистината. Изненадувачки, излегува дека бојата на универзумот добиена како резултат на мешавина на светлина од 200.000 галаксии, е беж. Оваа боја беше дефинирана како „космичко макијато“.

Срцебиењето се синхронизира со музиката што ја слушаме.

Сите ние сме го доживеале возбудливото и менувачкото расположение што може да го има музиката врз нас, сепак, нејзиното влијание не застанува тука. Според една студија, добра мелодија може да зборува со срцето, буквално. Откриено е дека чукањето на срцето се синхронизира со музичкиот ритам.