Чудесната домашна паста од ѓумбир и лук е еден од најпопуларните имуностимулатори во Индија, Кина и на Тајланд. Истата на јадењата им дава остар и уникатен вкус, но покрај пикантниот вкус, нејзините моќни својства веднаш може да го зајакнат ослабнатиот имунитет.

Со тоа, оваа извонредна домашна паста ефикасно ќе ве заштити од настинките и вирусите, што ја прави одлична за зимскиот период, кога настинките и грипот се честа појава.

Домашна паста за зајакнат имунитет

Потребни состојки

  • Половина шолја излупен и сомелен ѓумбир и лук
  • 1-2 супени лажици зејтин
  • Половина кафена лажица сол

Начин на подготовка и употреба

Во заеднички сад, добро измешајте ги сите состојки заедно и складирајте ја добиената смеса во стаклена тегла. Пред употреба, најпрво е потребно да ја испржите смесата на слаб оган за 20 секунди, за да исчезне остриот мирис на лукот. Потоа додадете зеленчуци и месо во тавата по ваша желба и продолжете да готвите. Пастата може да ја додадете и кон маринада.