Иако многумина имаат ваков проблем, сепак повеќето чувствуваат доза на срам отворено да зборуваат за истиот. Станува збор за темни дамки под пазувите, за кои денес ви откриваме природен рецепт како да се справите.

Домашна смеса против темни дамки под пазувите

Потребни состојки

  • Сок од ѓумбир
  • Сок од лимон
  • Сок од краставица

Начин на подготовка и употреба

Измешајте ги сите состојки заедно во еднаков сооднос, а потоа добиената смеса, со триење, нанесете ја на проблематичните зони и оставете ја да дејствува 5-8 минути.

Нанесувајте ја смесата само еднаш дневно, секоја вечер, пред спиење, а практикувајте го домашниот третман додека да ги добиете посакуваните резултати.

Колку време ќе трае третманот, зависи од самиот тип на кожа.