Безброј пати за неа се говорело со восхит- Џенифер Лопез, ѕвездата која е жив доказ за поговорката за доброто вино- со годините станува само подобро. Таква е и Џеј Ло, која денес на 24-ти јули, полни 50 години.

Таа не случајно е идол на милиони луѓе, икона и пример кој го следи и инспирира целиот свет.

Нејзината убавина, појава и талент остануваат непокорни и нескротливи пред суровите закони на времето. Подобро кажано, колку повеќе денови изминуваат на календарот, толку повеќе легендарната пејача и актерка станува попрекрасна!

Дури на половина век од нејзиниот живот, ѕвездата и понатаму со полна страст и љубов плени и восхитува на музичката и актерска сцена.

Каде и да отиде, ѕвездата и без да сака, привлекува огромно внимание. Како јавна личност, околку истата нема тајни, а медиумите бурно го следат нејзиниот професионален, како и личен живот. Но, и покрај тоа што речиси сè за Џенифер е познато во јавноста, постојат неколку факти за ѕвездата кои не се толку познати за публиката, а некои пак се одамна заборавени.

Еве неколку од нив

1. Таа има корени од Пуерто Рико, но е родена во Америка

И покрај фактот дека таа е пуерторикански производ, Џенифер Лин Лопез всушност е родена во Бронкс, Њујорк, на 24-ти јули, 1969-та година. Нејзиниот татко Дејвид е компјутерски специјалист, а нејзината мајка Гвадалупе по професија е наставничка во детска градинка. И двајцата родители поттекнуваат од Пуерто Рико, а се запознале кога емигрирале во Америка. Џенифер Лопез има две сестри, Линда и Лесли.

Нејзината љубов кон музиката започнала уште во раното детство, поконкретно на 5-годишна возраст. На 12-годишна возраст се запишала во католичко училиште, а подоцна завршила гимназија. Покрај музиката, Џенифер била неверојатно талентирана и за спортот т.е тенисот, гимнастиката и одбојката.

2. Нејзината прва работа била на позицијата секретарка

Иако отсекогаш се знаело дека оваа инспиративна ѕвезда била родена за големата сцена, додека ги следела своите соништа, потребно било и да заработува. Особено, откако на 18-годишна возраст го напуштила домот, по голема расправија со нејзината мајка. Гвадалупе не сакала нејзината ќерка да навлегува во светот на шоубизнисот и не ги одборувала намерите на Џенифер. И покрај тоа, славната ѕвезда не се откажала од копнежот во своето срце. По преселувањето од домот, започнала да работи како секретарка во една адвокатска фирма, но меѓутоа во вечерните часови ниту еден ден не престанала да ги посетува часовите по танцување, па дури и спиела во студиото.

3. Нејзината фигура е една од најозборуваните во светот

Џенифер Лопез има неверојатна фигура, поради која светското внимание е постојано насочено кон истата. Поради нејзините заносни облини, ѕвездата дури добила прекар „La Guitarra“, додека пак во родниот Бронкс е нарекувана „Супернова“.

4. Нејзината кариера започнала најпрво на филмското платно, не на музичката сцена

Иако многумина мислам дека ѕвездата се прославила веднаш на музичката сцена, всушност таа во 1990-та година започнала да плива во актерските води, учествувајќи во комичното шоу „The Living Color“,  a биографскиот филм „Селена“, на ѕвездата й донесе Златен Глобус. Од тој филм, Џенифер започна официјално да се занимава со музиката.