Таа е повеќе од обична ѕвезда, таа можеби е и легенда, која и денес после толку години се споменува како поим за убавина. Но, сте се запрашале ли некогаш каква била Мерлин Монро пред славата, успесите и животните проблеми?

Денес ја креваме завесата на таа мистерија преку ретки и уникатни фотографии од една скромна, но упорна девојка која само сакала да си ги оствари своите соништа- да биде Холивудска актерка и да радува милиони луѓе со својот талент.

Во 1946-та година, Мерлин чие вистинско име било Норма, имала само 20 години. Додека сè уште била сиромашна, идната Холивудска ѕвезда остварила средба со еден истакнат фотограф, која ја фотографирал во нејзиното природно издание, пред на сите на ни биде позната со раскошните локни и дијаманти околу вратот.

Фотографот Андре де Диен бил и нејзин љубовник.

„Таа имаше 20 години и сè уште ништо не знаеше за славата, но секогаш имаше нешто посебно во нејзината насмевка. Сакав од неа секогаш да биде спонтана кога ќе спомнам некој збор, без да мисли и размислува премногу.“- изјавил Андре во една прилика.

Без грам шминка, во сосема природно издание.

„Кога го спомнав зборот „смрт“, таа веднаш го смени изразот на лицето, имаше темен поглед, а потоа со рацете се обиде да го сокрие лицето. Се обидов да објаснам дека смртта може да биде почеток на нешто друго, но не. За Мерлин, смртта беше крајот на сè.“- додал фотографот

Во продолжение погледнете дел од токму таа уникатна и ретка фотосесија: