Многумина сонуваат за филмско запросување кое вклучува романтична сцена, во гламурозен ресторан, запалени свеќи или идилична надворешна атмосфера.

Но, идејата на еден маж за совршеното запросување резултирапе со безмилосно исмеавање, од страна на Интернет корисниците.

Самиот неиндетификуван партнер на девојката, ја објави фотографија од Мекдоналдс, во шпанската Фејсбук група „Оптимистични или Песимистични“, а на самата фотографија стоеше хамбургер со поставен свршенички прстен на средина од истиот.

Фотографијата беше исмеана од страна на Интернет корисниците, а достигна дури неверојатни 10.000 коментари.

„Ми личи повеќе на некој ноќен кошмар“,  „Голем хамбургер? Повеќе како едно големо НЕ“, „Дали може да го изеде хамбургерот иако те одбие?“- гласеа дел од коментарите.

Не е првпат оваа недела, една невеста да биде брутално исмеана. Зошто една невеста и покрај дијамантскиот прстен на раката, беше исмеана, прочитајте тука.