Познатиот тренер Алекс Силвер-Феган смета дека најдобриот начин да ги затегнеме нозете и задникот, без многу труд и притоа за краток временски период, се класичните клекнувања, благодарение на кои брзо може да го постигнеме посакуваниот облик.

Класичните клекнувања лесно може да се комбинираат и со друг тип на вежби. Истите се многу едноставни, не ви е потребна никаква опрема, што ги прави одлични и практични за изведување во домашни услови и не ви се потребни повеќе од 15 минути на ден.

Еве кои 3 вежби, според Феган се најдобри, а притоа идеални доколку не сте голем љубител на вежбањето:

1. Класични клекнувања

Започнете го едноставниот домашен тренинг со класичните клекнувања, кои ги знаете уште од детството.

2. Клекнување и кревање на едната нога на страна

Кревањето на ногата на едната страна значително придонесува за зајакнување на мускулите.

3. „Сумо“ клекнувања

Со поза која наликува на сумо борачите, овој тип на клекнувања ефикасно го зајакнуваат и затегнуваат торзото и задникот.