Иницијативата Невидливи градови е најновиот концепт во Обединетото Кралство кој наиде на бројни воодушевувања и позитивни коментари. Во прилог прочитајте за што точно станува збор.

Социјалниот проект е идеја на младата претприемачка Закиа Мулау која вели:

“Еден град е различен во моите очи, како што е различен во вашите. А за бездомниците и нивните искуства, градовите се сосема поинакви.”

Така, овој проект им ја нуди животната можност на туристите, да шетаат и детално да ги истражуваат улиците на Британија со луѓе за кои улиците се нивниот вистински дом.

Бездомници се всушност туристички водичи кои се обучени да скршнат од патеката и на туристите да им го покажат вистинското срце на градот.

А станува збор за еден од најпрепознатливите градови во Велика Британија, Единбург, кој воедно е главен град на Шкотска.

Туристите кои досега го посетиле Единбург можеби мислат дека го познаваат градот, бидејќи го вкусиле пивото во пабовите на Инис енд Ган во Стариот Град, го почувствувале шкотскиот моден вкус на карираното во продавниците за подароци и го посетиле замокот на кралот Артур,  но сето тоа е само површинска разгледница за вистинскиот Единбург.

Сони Мареј е еден од бездомните туристички водичи и може да ви го каже истото. Тој е роден во Глазгов, а целиот свој живот го поминал спиејќи на шкотските улици, па така тој, не најверојатно, туку со сигурност го знае Единбург подобро од вас.

Шкотскиот главен град е синомним за криминал, казни и духови од минатото, а не паб со карирана панделка одозгора и Сони тоа го знаје најдобро.

Тој станал бездомник уште од рана возраст и како и сите останати, прибегнал кон криминалот за да преживее.

А сега, од неговото бездомничко искуство успева да заработи на чесен начин.

Точно, во градот има големи проблеми како бездомниците и слично, но сакам да истакнам дека ваквите проекти премногу им помогнаа на луѓето во Единбург.изјавил Сони

Сони веќе 2 години работи како туристички водич за “Невидливите градови” и Единбург сега го доживува само како една фасцинација, а проектот му помогнал да се тргне од уличниот криминал и да започне да живее во свој дом, заедно со неговата девојка Бифи, која исто така е поранешен бездомник- туристички водич.

Сега таа ја спроведува туристичката иницијатва Патеки на инспиративните жени во Единбург.

За крај, Сони додава: Ова е најдобрата полиса. Воедно, кога за време на прошетките, туристите ме прашуваат за моето лично искуство, обожавам да споделувам информации.”