Кања Сесер е сила на природата која ништо не може да ја спречи да му покаже на светот дека сите можеме да бидеме тоа што сакаме.

Родена без нозе и оставена како бебе на улица близу Будистички храм, Кања баш и немала прекрасен и вообичаен почеток на својот живот, како повеќето.

Не дозволувајќи нејзиниот физички инвалидитет да ја дефинира, Кања ги предизвикува предрасудите и стереотипите за убавина преку нејзината работа како модел и актерка.

26-годишната девојка е модел за спортски и компании за долна облека, а воедно нејзината втора професија е каскадер во акционите филмови кои се хит во Холивуд како Црн код”, Хаваи 5-о и популарната серија Живи мртовци.

Таа живее според нејзиното лично мото Нема нозе, нема граници, што во превод значи се е возможно.

Напуштена како бебе во близина на Будистички храм, во Пак Џонг, во Тајланд, таа била набрзо пронајдена и однесена во болница, од каде подоцна грижата за неа ја превзело семејство кое ја посвоило, пред истото да се пресели во Орегон, САД.

“Моите почетоци со новото семејство беа многу тешки. Мојот мајчин јазик беше тајландскиот, а потоа веднаш морав да учам англиски кога имав 9 години. Но, се испадна прекрасно. На училиштето брзо се адаптирав, имав многу пријатели и никогаш никој не ме малтретираше”– рекла Кања.

Она што започнало како хорор, на крај се претворило во бајка и денес Кања Сесер е млада и инспиративна девојка која го живее својот живот до максимум.