Конзервирана храна

Многу побрзо и полесно е да отвориме такво пакување и да уживаме во омилено јадење. Но преку консумирање на конзервирана храна, прифаќаме и големо количество бисфенол – А (BPA). Тоа е хемикалија која се користи за изработка на амбалажа за храна. Докажано е дека честото изложување на оваа хемикалија може да доведе до голем број здравствени промени, вклучувајќи и до лошо расположение.

Пакувани ореви

Пакувани ореви со сол, додадени мириси, вкусови, зачини, обично содржат високи нивоа на натриум и мононатриев глумат (MSG), кои можат да доведат до главоболка, раздразливост, пад на расположението и анксиозност.

Преработени меса

Сакате да јадете колбаси и месни деликатеси, но повторно заборавате дека тие се обработуваат со бои, конзерванси и други нездрави состојки, кои можат да предизвикаат депресија, мигрена и други нервни растројства. Затоа, ако не можеме да се откажете од нив, барем треба да се обидете да ги консумирате поретко.

Неорганско овошје и зеленчук

Дури и да немате постојано можност да консумирате овошје и зеленчук од домашната градина или био производител, важно е да го следите квалитетот на производите кои ги ставате на трпезата. Како што е познато, овошјето и зеленчукот се обработуваат со пестициди кои содржат невротоксини кои ги оштетуваат мозочните клетки и како резултат на тоа настапува депресија и промени во расположението.

Засладени газирани пијалаци

Слатките газирани пијалаци се омилени на повеќето, и покрај фактот дека не се корисни, повторно ги консумирате. Заборавате дека тие содржат многу шеќери и иако во соодветниот момент ја покренуваат енергијата, тие содржат и јаглехидрати кои брзо се апсорбираат во крвта. Како резултат на тоа се зголемува и нивото на шеќерот во крвта, по што почнувате да се чувствувате уморни, а тоа влијае на расположението.

Чоколадни производи

Чоколадните задоволства даваат енергија, но само за кратко. Штом шеќерот во крвта се зголеми, организмот почнува да лачи повеќе инсулин за да го регулира нивото. Како резултат на тоа почнувате да се чувствувате бавни, повеќе гладни и нервозни.

Кофеин

Вишокот кофеин исто така може да го расипе доброто расположение. Тој ја активира хипофизата, која почнува да секретира адреналин, кој пак го нарушува балансот во расположението. Освен тоа кофеинските пијалаци понекогаш се причина за појавата на несоница, а нарушен сон дефинитивно негативно влијае на расположението.