Овен

Ќе имате многу трошоци денес. Финансиските планови може да се менуваат одеднаш. Тоа сепак не значи да пиете и јадете на туѓа сметка. Не е во Ваш стил да се потпрете на друг.

Бик

Со доаѓањето на новата недела, вие нема да мислите за ништо друго освен за сопствените стравови. Оние кои се зависни од работа, нема да можат да престанат да размислуваат за својата работа, а хипохондриците за своите болести. Бидете повеќе оптимистички настроени!

Близнаци

Вашите совршено развиени сценарија ќе треба малку да се поправат. Нешто или некој ќе се обиде да застане на Вашиот пат. Ако возите, може да добиете парична казна. Денес е погоден ден да ги искажете своите ставови.

Рак

Денот ќе се покаже доста зафатен за претставниците на Рак. Бидете подготвени да работите доста напорно, како пчела. Можно е да Ве очекуваат доста досадни обврски дома, како чистење и уредување. Атмосферата околу Вас ќе биде напорна.

Лав

Денес ѕвездите Ви забрануваат да си правите експерименти. Бидете внимателни во сè што правите. Можни се проблеми со здравјето. Генерално денот е погоден за одмор и релаксација дома.

Девица

Денес ставете ги потребите на другите пред Вашите. Пред се потребите од партнерот или од неговите родители. Не наметнувајте свое мислење во никој случај. Во спротивно може да се скарате со најблиските луѓе, а Вие не го сакате тоа.

Вага

Ѕвездите денес Ве потсетуваат – подобро да се биде безбеден, од колку да жалиме подоцна. Што и да правите денес, бидете внимателни и размислете добро за ситуацијата. Инаку дури и наједноставните задолженија може да Ви донесат неволји.

Шкорпија

Денот нема да биде особено различен, но убаво е да внесете било какви промени во своето секојдневие. Ве очекуваат некакви изненадувања, кои може дури да Ве дезориентираат. За среќа, благодарение на Вашето трпение и практичност ќе можете да се справите со сè.

Стрелец

Денес ќе биде важна Вашата решителност и умереност. Може да Ве принудат да се држите на страна, но ѕвездите Ви советуваат да се слушате само себе и да не се потчинувате на никого. Игнорирајте ги ограничувањата и следете ги Вашите цели.

Јарец

Денес очекувајте драстични промени. Не е препорачливо да чекате долго пред да дејствувате. Тоа е денот на активни дејствија. Авантуристички дух ќе ги обземе дури и најпознатите мрзливци од Вас.

Водолија

Денот создава услови за поволен развој на односите со Вашиот партнер. Ќе имате желба да ја разгорите повторно страста. За таа цел ѕвездите Ве советуваат да копате во заедничките спомени или да се потсетите на она што сте го изградиле заедно.

Риби

Прашањето што да правите со Вашиот живот, ќе биде главната задача денес. Испланирајте некој од следните чекори во блиска иднина. Ако излезете да купувате, ќе бидете привлечени не само од ситници и секојдневните купувања, но и од подароци и патувања.