Овен
Овој вторник ќе се соочите со предизвикот да откриете скриен дел од себе. Тоа не штети никому, затоа нема причина да се срамите. Бидете искрени!

Бик
Некој ве брка премногу долго. Ако целта ви е да се умори и откаже, на пат сте да успеете. Но, ако сепак бил добронамерен со вас, дали не правите грешка?

Близнаци
Колку и да сакате не можете секогаш да сте во право, барем не целосно. Имате неколку пропусти кои се очигледни и најдобро ќе биде да си признаете.

Рак
Овој вторник внимавајте на срцето и душата. Да бидете искрени и отворени е добро, но не секој ја има вашата добронамерност. Пазете се да не се повредите емотивно.

Лав
Денот ветува авантури кои ќе го разбудат вкусот кон нови задоволства. Настапува пресвртница во животот, кога треба да се простите со некои од вашите навики и да се здобиете со нови.

Девица
Овој вторник може да се сретнете со старата љубов. Не брзајте да нападнете. Внимателно истражете ја веројатноста за обновување на односите.

Вага
Денот ветува многу музика и бои. Обидете се да поминете повеќе време надвор. Имате потреба да ги наполните вашите сетила со повеќе убави чувства.

Шкорпија
Денес не инсистирајте за нешто што не ви се допаѓа од првиот пат. Може да не го погодите моментот. Ова, сепак, не значи дека нема да има друг, посоодветен момент.

Стрелец
Колку и да се повлекувате од извршувањето на вашите обврски ќе треба да запнете и да ги исполните. Ниту ќе боли, ниту ќе е досадно, а и ќе се растеретите психички.

Јарец
Во овој ден последиците од вашите активности може да се товарат со полна сила врз вас. Немате друга опција освен да го истрпите товарот. Дајте си повеќе време за размислување пред да дејствувате.

Водолија
Многу е веројатно вашата стабилна идеја да се сруши. Оставете си неколку моменти за размислување, по што брзо префрлете се на друга цел. Варијантата е најдоброто решение.

Риби
Овој вторник придржувајте се кон рационалниот дел од себе. Не дозволувајте чувствата да надвладеат со Вас.