Овен

Денес ќе можете да ги покажете своите говоречки вештини. Ќе прикажете на околните колку сте духовити. Богатиот круг на контакти ќе Ви помогне да најдете заеднички јазик со сите околу Вас.

Бик

Денешната атмосфера ќе е склона кон искреност. Во исто време ќе можете да видите забава и во сериозните нешта. Разговорите или дописите ќе Ви траат во текот на целиот ден. Единствено Вашата самобендисаност може да ви донесе проблеми.

Близнаци

Денес доброто расположение ќе Ви помогне да ги решите сите спорови. Ако сте биле во сериозен конфликт неодамна, можно е да се помирите привремено, но тоа ќе биде само поради претстојниот викенд. Барајте посредник, кој може да го реши Вашиот спор.

Рак

Денес брзата мисла и добрата комуникација ќе бидат вашиот извор на енергија и добро расположение. Анализирајте ги проблемите кои се наоѓаат на вашиот пат, за да успеете да ги отстраните побрзо. Бидете искрени! Не давајте забелешки или не правете го тоа на шеговит начин.

Лав

Денес треба да мислите на нестандарден начин, ако сакате да се издвојувате од околните. Тоа сепак нема да биде доволно за да постигнете успех. Ќе биде потребно многу повеќе и ќе треба да се истакнете во се за што сте способни. Денес дури и најмалиот детаљ ќе е од значење.

Девица

Денес ѕвездите ќе Ве вратат назад во минатото и ќе Ви дадат шанса да направите преоценка на минатите одлуки. На овој начин ќе успеете да дознаете што Ве прави навистина среќни. Не си создавајте непотребни проблеми, правете го тоа што навистина Ве радува.

Вага

Денот ќе донесе проблеми во Вашиот живот, но пред Вас ќе има многу можности да се разрешат. Бидете практични. Не слушајте ги советите, бидејќи тие нема да се особено добри, дури и да доаѓаат од некој близок со добри намери.

Шкорпија

Денот е добар за патувања со одредена цел. Дури може да се најдете во таква ситуација да завршите повеќе работи одеднаш. Денот ќе биде добар за оние кои заземаат повисоки позиции. Може да ја искористите ситуацијата, за да им помогнете на другите.

Стрелец

Време е да се ослободите од Вашите романтични соништа и да погледнете трезвено на ситуацијата околу Вас. Денес на дневен ред ќе се прашања како здравствена состојба, финансиска обезбеденост и вработување. Ако сакате да имате повеќе од другите, ѕвездите Ви советуваат да го смирите малку апетитот.

Јарец

Денес животот за Вас ќе биде игра која ќе ја започнете Вие и брзо ќе победите. Единствената интрига ќе биде колку брзо ќе победите и каква тактика точно ќе користите. Ќе се сомневате во искреноста на околните и најверојатно со право.

Водолија

Ослободете се од агресијата, која се крие во Вас. Обидете се да ги извршувате обврските во мир и спокојство, без непотребни спорови и кавги. Во домот може да се појават непредвидени задачи и обврски. Испланирајте го денот и ќе имате време и за одмор.

Риби

Повеќето од Рибите ќе имаат успех поради нивниот професионализам, трпение, искуство, како и широкиот спектар на знаење. Успешно ќе ги користите луѓето околу Вас и нивните технички можности, за да ги постигнете своите цели. Искористете го талентот во сè што правите.