Овен

Денес е важен ден за Вас. Многумина ќе имаат работа со жени во однос на бизнис и финансии. Позициите Ви се стабилни а дејствијата успешни. Но денес овој факт нема да биде доволен за некој од администрација, кој ќе Ви договори еден куп лаги за да ве донесе до заблуда дека е на Ваша страна.

Бик

Може да сметате на пријателска услуга или поддршка од жени. Ви претстојат промени од финансиски карактер, кои се поврзани со многу нерви и тензии во работата. Денес едвај ќе имате резултат во оваа сфера.

Близнаци

Напорен ден, особено за жените од знакот. Не дозволувајте да бидете жртва на емоции, самосожалување и психички напади, организирајте и бидете оптимисти – по лошото секогаш доаѓа добро. Професионалната клима е прекрасна денес и доста Близнаци ќе се задоволни од постигнувањата. Многу е важно да ги споите силите со некој Ваш близок.

Рак

Понеделник е Ваш ден. Вашиот шарм и интелигенција се извонредни и можат да ви бидат доста корисни сега. Мажите треба повеќе да се потпираат на своите лични активности. Професионалниот ден е многу пријатен и некои може да добијат понуда за брак од колега.

Лав

Среќен денот за Лавовите во две насоки – едни ќе се радуваат на својата љубов и сериозно планираат брак, други ќе патуваат и ќе бидат задоволни од заминувањето. За финансиските успеси и бенефиции сега е потребна упорност, особено во работата добро е да се фокусирате, бидејќи ви демнат проблеми.

Девица

Денес проблемите ви се сериозни, бидејќи сте загрижени и оптоварени. Кај некои има промена во плановите, можни се и загуби. Но, може да се потпрете на поддршката и пријателството на жена, меѓусебните активности ќе ви донесат повеќе смиреност и добри резултати.

Вага

Премногу добро започнува новата недела. Имате многу работа и добро е да побарате помош од пријатели, интервенцијата ќе биде доста корисна за вас. Силно успешен ден на финансиско поле. Ќе се справите со тешки проблеми и можете да се радувате на победата.

Шкорпија

Победнички ден за Шкорпиите. Финансиски сте стабилно обезбедени. Поволен ден и на професионалниот план, ќе имате услуга или пријателски гест од жена. Оние што се во брак треба да се усогласат со важна одлука донесена од брачниот партнер.

Стрелец

За некои од вас денес е важно едно патување, за други – заедничката работа со брачниот партнер. Имате финансиски проблеми, но и поволни промени, од кои неочекувано ќе добиете пари. Позитивно ќе е и на професионален план. Од бизнисмените се бара висока активност. Бидете внимателни, работете сконцентрирано.

Јарец

Среќа што е неработен ден, затоа што вие се чувствувате уморни, тоа е ментално или нервно растројство, поврзано со лични проблеми. Нема да сте опуштени и во работата, но таму има некој кој би можел да ви услужи и помогне. Финансиски се чувствувате зависни или должни некому, но денес ќе дознаете за некои идни активности.

Водолија

Понеделник ќе биде успешен ден за вас, ако делувате како потчинети и заборавите на емоциите. Многу силни се службените позиции на дамите од знакот. Блескави сте во работата и многумина ќе се чувствуваат победници, тоа важи и за мажите, но кај нив е поврзано со расправии или конфликт со жена на тема професионалност.

Риби

Денот е одличен за Риби, но мажите од знакот се склони кон раздор и конфликти. Денот е поволен и ако се совладате и бидете активни, ќе ги решите. За некои прашања доверете се на советот на жена, иако не е адвокат, ќе добиете компетентна помош.